ВИШИНСКИ, Борис

ВИШИНСКИ, Борис (Скопје, 6. Ⅵ 1929) – раскажувач, романсиер, драмски автор. Завршил Правен факултет во Белград. Бил уредник на списанијата „Културен живот” и „Македонска ревија”. Еден од најпреведуваните македонски автори, а и самиот голем афирматор на македонската литература во светот. Неговите романи и раскази осцилираат меѓу магичниот реализам и фантастиката. БИБ.: Сенки и жед, роман, Ск., 1958; Виножито, роман, Ск., 1972; Древни брегови, раскази, Ск., 1975; Лавина, роман, Ск., 1978; Рацин, драма, Ск., 1979; Клисура, роман, Ск., 1983; Барбара, раскази, Ск., 1983; Тесно море, роман, Ск., 1986; Круна од песок, роман, Ск., 1992; Кожа од облаци, роман, Ск., 1993; Крстот на Богомил, роман, Ск., 1994; Молитви, раскази, Ск., 2005. ЛИТ.: М. Матевски, Крстот на Богомил, во книгата Светлината на зборот, Матица макед., 2006. П. Гил. Цвет и плод од вишна (Прунус церасус Л.)

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.