ВИТАНОВ, Јордан

ВИТАНОВ, Јордан (Велес, 13. Ⅰ 1953) – актер. Дипломирал на отсекот за актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје (1986). Од 1987 г. е член на Народниот театар во Велес, а од 1999 и директор на театарот. Улоги: Филоктет во истоименото дело, Дон Алонзо („Дон Жуан”); Орест („Електра”); Креонт („Антигона”); Антон Антонович („Ревизор”); Прометеј („Прикованиот Прометеј”) и др. Р. Ст.

2019-01-05T19:45:08+00:00 0 коментари