ВИТАНОВ, Васил

ВИТАНОВ, Васил (с. Бориево, Струмичко, 7. XI 1945) – град. инж., ред. проф. на Градежниот факултет во Скопје (1995) по предмети од областа на фундирањето, претседател е на Друштвото за геотехника на Македонија. Магистрирал во ИЗИИС, а докторирал на тема „Интеракција – почва – конструкција” (1997). Во поново време работи на иновирање на регулативата од областа на геотехниката. Тој е исклучително активен во применувачката дејност, во која преку водење студии, проекти, експертизи и рецензии дава особено значаен придонес во реализацијата на капитални објекти. Љ. Т. Јордан Витанов

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.