ВИСОК РИД

ВИСОК РИД -. археолошко наоѓалиште, во атарот на напуштеното с. Букри, на десниот брег на Црна Река. Претставува тумба висока 3 м, со пречник во основата од 70 м. Во 1980 г. Музејот во Битола извршил пробно ископување при што, во културниот слој од 1,50 м биле најдени остатоци од двослојна населба со неколку интерни развојни фази, со различна временска и културна припадност. Постариот слој му припаѓал на енеолитското време, на шуплевец – Бакарно Гумно културната група, додека помладиот на раната фаза на бронзеното време во Пелагонија. ЛИТ.: Драгица Симоска, Висок Рид, праисториска повеќеслојна населба, „ЗТБ“, 4, Битола, 1983/84, 5-20. В. С.

2019-01-05T19:45:08+01:00 0 коментари