ВИСОКОПЛАНИНСКИ ЕНДЕМИТИ ВО ФЛОРАТА НА РМ

ВИСОКОПЛАНИНСКИ ЕНДЕМИТИ ВО ФЛОРАТА НА РМ. Ендемизмот претставува една од најзначајните карактеристики на флората на РМ, со присуство на 117 локални ендемити што се исклучиво ограничени на нејзината територија. Се развиваат на најразлични станишта – по високопланинските пасишта и камењари, по речните клисури, шумите, брдските пасишта и слично. Високопланинските ендемити се среќаваат речиси по сите наши планински масиви. Во времето на глацијацијата условите за нивни опстанок биле неповолни поради тоа што врвовите на високите планински масиви биле под мраз, но, сепак, голем број од старите реликтни и ендемични терциерни видови успеале да се одржат во бројните засолништа (рефугиуми), во коишто владееле поповолни услови. Најголем број планински и високопланински ендемити и субендемити се присутни на планината Галичица (15) – Астрагалус маѕери, Буплеурум маѕери, Центауреа томоросии, Цроцус цвијиции, Диантхус галицицае, Едрѕантхус хорватии, Фестуца галицицае, Хелицхрѕсум зивојинии, Ласерпитиум оцхриданум и други; шар Планина (10) – Цроцус сцардицус, Диантхус сцардицус, Потентилла доерфлери, Вербасцум сцардицолум, Виола сцхариенсис и други; Пелистер (4) – Алцхемилла перистерица, Цроцус пелистерицус, Диантхус мѕртинервиус, Семпервивум оцтоподес; Ниџе-Кајмакчалан (3) – Диантхус кајмактзаланицус, Пеуцеданум лаврентиадис, Силене хорватии; Јакупица (5) – Цолцхицум мацедоницум, Педицуларис фердинандии, Семпервивум мацедоницум, Тхѕмус карадзиценсис, Виола борнмуеллери и други. Вл. М. Кераца Висулчева – автопортрет (масло на платно, 1988) ВИСУЛЧЕВА, Кераца Николова

Напишете коментар