ВИЛИНСКО КОЊЧЕ, БЕНКИЧАВО

ВИЛИНСКО КОЊЧЕ, БЕНКИЧАВО . (Либеллула љуадримацулата Л.) – инсект од редот на вилинските коњчиња. Има два пара добро развиени крилја, од кои, задните се малку пошироки. На секое крило има по една мала црна дамка, по што и го добил името. Силните крилја го прават добар летач. Се храни со членконоги. Се среќава низ цела Европа. Во Македонија може да се најде околу неистечните води. ЛИТ.: Билјана Караман, Цонтрибутион à ла Цоннаисанце де ла Фауне дес Одонатес ду Лац де Доиран, Год. зб. биол. Скопје, 1981, 34: 215223; Гунтер Петерс, Ханс Хацкетхал, Нотизен убер дие Либеллен (Одоната) ин Мазедониен, Ацта. Мус. Мац. Сци. Нат., Скопје, 1986, 18(5): Бенкичаво вилинско коњче 125-158; Билјана Караман, Лес Одонатес ду Лац де Преспа (Мацедоине, Ѕугославие) И парте: Ла цомпоситион љуалитативе ет Л’аналѕсе зоогеограпхиљуе де ла Фауне, Анн. Фац. Сци. Нат., Биол., Скопје, 1987, 37-37: 97-110. В. Т. К. – М. Кр.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.