/ВИЛИНСКИ КОЊЧИЊА

ВИЛИНСКИ КОЊЧИЊА

ВИЛИНСКИ КОЊЧИЊА (Одоната) – инсекти со два пара крилја. Се забележуваат по големите и добро развиени проѕирни крилја со фина мрежеста нерватура. Имаат долго тело, подвижна глава и добро развиени очи. Одлични летачи, најактивни се на сонце. Големи грабливци, ловат во лет и летајќи го јадат пленот. Нивните ларви живеат во водна средина и се хранат со водни организми и со ситни рипчиња. Познати се околу 4.500 видови од овој ред. Имаат широк ареал на распространување. Во Македонија се регистрирани 52 таксона. Најкрупни претставници се кралското вретенце (Анаџ император, Леацх) и бенкичавото вилинско коњче (Либеллула љуадримацулата Л.). ЛИТ.: Билјана Караман, Цонтрибутион à ла Цоннаисанце де ла Фауне дес Одонатес ду Лац де Доиран, Год. Зб. Биол., Скопје, 1981, 34: 215223; Гунтер Петерс, Ханс Хацкетхал, Нотизен убер дие Либеллен (Одоната) ин Мазедониен, Ацта. Мус. Мац. Сци. Нат., Скопје, 1986, 18(5): 125-158; Билјана Караман, Лес Одонатес ду Лац де Преспа (Мацéдоине, Ѕугославие) И парте: Ла цомпоситион љуалитативе ет Л’аналѕсе зоогéограпхиљуе де ла Фауне, Анн. Фац. Сци. Нат., Биол., Скопје, 1987, 37-37: 97-110. В. Т. К. – М. К.

2019-01-05T19:45:08+01:00 0 коментари