ВИКЕНТИЕ

ВИКЕНТИЕ (Краџиќ) – патријаршиски скопски митрополит (1905–1915). Србин (од Студеница), познат како ревносен спроведувач на великосрпската пропаганда во Македонија по Илинденското востание, кога со четничката организација присилно ја наметнувал српската црковна власт во македонските села. Бил убиен од бугарската окупаторска војска. ЛИТ.: Драги Костадиновски, Вардарскиот дел од Македонија под јурисдикција на Српската православна црква (1919-1941), Скопје, 1995. Рат. Гр.

2019-01-05T19:45:07+01:00 0 коментари