ВИДОЕСКИ, Божидар

ВИДОЕСКИ, Божидар (Божо) (с. Звечан, Порече/Бродско, 8.XI 1920 – Сремска Каменица, Србија, 16.В 1998) – лингвист, македонист, славист, основоположник на македонската модерна дијалектологија и ономастика, дописен член на МАНУ (1969) и редовен (1974), странски член на ХАЗУ (тогашна ЈАЗУ) (1986), на Полската академија на науките и уметностите (ПАУ) (1994), на САНУ (1997) и др х.ц. на шлонскиот универзитет (Унињерсѕтет ќл%ски) во Катовице (Полска). За својата научна работа и за заслугите околу организацијата на науката во Р Македонија добитник е на високи награди и признанија. В. предложи детална разгранета класификација на македонските дијалекти, заснована врз генетски и типолошки критериуми и ја претстави на низа карти, утврдувајќи го прецизно текот на ок. 200 изоглоси клучни за таа класификација. Монографски ги обработи сите основни дијалектни комплекси што ја дефинираат македонската јазична територија, опишувајќи ги нивните фонолошки и морфолошки системи. Со мисла за идниот атлас на дијалекти на македонскиот јазик состави прашалник и подготви карта-бланковка, остави во ракопис неколку стотици карти. Познат во меѓународните славистички кругови како успешен директор на Меѓународниот семинар за македонскиот јазик, литература и култура (1970& 1978), а има големи заслуги за организација на македонската наука за јазикот и нејзината афирмација во светски рамки. БИБ.: Прилог кон библиографијата на македонскиот јазик, ИМЈ, Скопје 1953; Кумановскиот говор, ИМЈ, Скопје 1962; Дијалектите на македонскиот јазик И–Ⅲ, МАНУ, 1998–1999; Фонолошките бази на говорите на македонскиот јазик, МАНУ 2000; Географската терминологија во дијалектите на македонскиот јазик, МАНУ 1999; (избор на трудови во превод на полски јазик:) „Славиа Меридионалис“, 2, Мацедоница, Том поќњи&цонѕ Божѕдароњи Видоескиему, Инсттут Слањистѕки ПАН, Њарсзања, 1999; Прашалник за собирање материјал за македонскиот дијалектен атлас, ИМЈ 2000; Диалецтс оф Мацедониан, Славица, Блоомингтон, Индиана, 2005; (со З.Тополињска:) Од историјата на словенскиот вокализам, МАНУ, 2006. ЛИТ.: „Македонски јазик” ЏЛ–ЏЛИ, Скопје, 1995 (посветено на академик Божидар Видоески по повод 70-годишнината); Божидар Видоески 1920–1998, МАНУ, Скопје, 1998; Ареална лингвистика. Теории и методи, Материјали од научната конференција по повод петгодишнината од смртта на Божидар Видоески, МАНУ, 2005; З.Тополињска, Божидар Видоески и македонската наука за јазикот, Предавања на 36. меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура, Охрид, август 2003, Скопје 2004. З. Т. Византија околу 1025 г.

2019-01-05T19:45:07+01:00 0 коментари