ВИДМАР, Јосип

ВИДМАР, Јосип (Љубљана, 14. Ⅹ 1895 – Љубљана, 11. Ⅳ 1992) – словенечки критичар, есеист и драматург, првоборец и политичар. Студирал филозофија и литература на повеќе европски универзитети, а дипломирал во Љубљана. Во времето на Првата светска војна бил во заробеништво во Русија. Бил долгогодишен драматург на На-Јосип Видмар родно казалиште во Љубљана (1934–1942), по што преминал во илегалност. Бил еден од основачите на Освободилна фронта во својот дом (27. Ⅳ 1941), член на Извршниот одбор и потоа претседател (14. Ⅰ 1943 – 27. Ⅳ 1953). Бил присутен делегат на Второто заседание на АВНОЈ, претседател на СНОС (од февруари 1944), претседател на Соборот на народите на Народното собрание на ФНРЈ (1945–1953), претседател на Президиумот на Народното собрание на Словенија и член на Президиумот на Сојузното народно собрание (до 1952). Неколку години бил редовен професор по теорија на драмата (1945–1950), а потоа директор на Институтот за литература при САНУ (1950– 1964). Бил избран за почесен доктор по книжевност на Љубљанскиот универзитет (1966), редовен член на Словенечката академија на науките и уметностите, член на МАНУ надвор од работниот состав (25. Ⅻ 1969) и на сите академии на науките и уметностите во Југославија. Преведувал од англиски, руски и француски. Неговата библиографија има 784 библиографски единици. БИБ.: Културни проблеми словенства, Лјублјана, 1932; Дневники, Лјублјана, 1968. ЛИТ.: М. Крлежа, Једро све уметности је Човјек, Кнјига и свет, ИВ, Загреб, 1960. С. Мл.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.