ВИДЕЦ, Блага

ВИДЕЦ, Блага (Битола, 24. IX 1930 – Сараево, 21. Ⅹ 1982) – оперска певица – мецосопран. Пеење учела во Загреб (З. шир) и во Љубљана (проф. Ј. Бетето). Со-лист на Операта на МНТ (1954– 1960), а потоа на Сараевската опера. Остварила повеќе главни улоги од мецосопранскиот фах, меѓу кои: Ацучена (Трубадур), Амнерис (Аида), Далила (Самсон и Далила), Кармен, Фенена (Набуко), Поседувала природна музикалност и смисла за сценско обликување. Настапувала на концертниот подиум и во доме-нот на народната и забавната музика. Ф. М.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.