ВИДЕОАРТ

ВИДЕОАРТ . (анг. видео арт) – автономна уметничка дисциплина во современата уметност. Користи телевизиска техника и технологија, експериментира во областа на електронската слика и звук и воведува специфичен визуелен јазик. Почетоците се врзуваат за уметничките движења на шеесеттите и седумдесеттите години на ⅩⅩ в., кога уметници во светот почнуваат да користат: камера, рикордер, монитор, видеолента. Во Република Македонија првите видеопрезентации (1984 и 1985) ги организира Музејот на современа уметност, а 1986 г. Македонската телевизија (ТВ Скопје) ја одржа меѓународната видеопрезентација „Скопје – Монбелијар ’86”. Првите видеоостварувања се реализираат во Редакцијата за култура и уметност на МТВ. Се создава автохтон творечки амбиент во кој првите вакви оставарувања коавторски ги реализираат еминентни уметнички имиња со одделни креативни телевизиски професионалци. Македонски видеоавтори: Драган Абјаниќ – в. Абјаниќ; Алек-Видеоарт, Јован шумковски (2003-04) сандар Станковски – в. Станковски; Златко Трајковски-Хинки; Жанета Вангели; Ирена Паскали и др. К. Тр. – Абј.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.