ВЕЈСЕЛИ, Џемаил

ВЕЈСЕЛИ, Џемаил (с. Гајре, Тетовско, 15. XI 1927) – политичар. Бил член на СКОЈ, учесник во НОАВМ (1944) и член на КПМ (1948). По Ослободувањето завршил гимназија и првин бил учител, а потоа работел во ресорот за внатрешни работи во Тетово и како секретар на Општинскиот комитет на КПМ во с. шипковица. Како студент и апсолвент на Филозофскиот факултет, бил член на Универзитетскиот комитет на СКМ во Скопје. Подоцна бил секретар на Околискиот комитет на ССРНМ и политички секретар на Општинскиот комитет на СКМ во Тетово, пратеник и потпретседател на Републичкиот собор на Собранието на СРМ, член на ЦК на СКМ и претседател на Комисијата на ЦК на СКМ за развој на СК, претседател на Општинската конференција на СКМ во Тетово и пратеник во Соборот на народите на Собранието на СФРЈ. С. Мл.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.