ВЕШТАЧКИ ЕЗЕРА ВО РМ

ВЕШТАЧКИ ЕЗЕРА ВО РМ.Регистрирани се вкупно 110 вештачки езера, од кои 21 имаат зафатни3 на поголема од 1.000.000 м вода, а другите акумулираат количество 3 вода помало од 1.000.000 м . Изградени се од страна на човекот со определени цели и за определени намени, како што се: водоснабдување на населените места и на индустријата, наводнување на земјоделските површини, производство на електрична енергија, туризам и рекреација, рибогојство, заштита од поплави и од порои, за водопоила, таложници и за други цели. Според акумулираното количество вода тие се делат на големи и мали. Групата големи вештачки езера ја сочинуваат: Тиквешко, шпилје, Мавровско, Козјак, Калиманци, Стрежево, Глобочица, Ратевско, Липковско, Глажња, Младост, Прилепско, Турија, Мантово, Водоча, Паљурци, Коњско, Градче, Матка, Мавровица и Слатинско Езеро. Од нив 11 се наоѓаат во источниот, а 10 во западниот дел на Републиката. Најголемо по количина на акумулирана вода е Козјак 3 со 570 милиони м вода, а најмало Слатинското Езеро со само 1,4 ми3 лиони м вода. Кај малите акумулации најголем број се изградени во долниот и во средниот слив на р. Вардар (во Гевгелиско-валандовската Котлина), потоа во пелагонискиот дел од сливот на Црна Река (25 езера), во сливот на реката Црни Дрим, а мали акумулации за напојување на добитокот најмногу се формирани во карстните терени на планините Бистра и Галичица. ЛИТ.: Александар Стојмилов, Физичка географија на Република Македонија, ПМФ, Скопје, 2002. Др. В.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.