//ВЕТРОВИ ВО МАКЕДОНИЈА

ВЕТРОВИ ВО МАКЕДОНИЈА

ВЕТРОВИ ВО МАКЕДОНИЈА – ветровите во Македонија се последица на општиот распоред на воздушниот притисок. Дуваат главно од северниот квадрант, но во одделни региони правецот зависи и од орографските услови. Ветровите на поголемите надморски височини во Македонија, на примерот на м.м. Солунска Глава (2.540 м), Лазарополе (1.332 м) и Крушево (1.230 м) доминираат во струењето на воздухот со правец запад – исток, со што општото струење на воздушните маси кај нас се совпаѓа со дрифтот на западните ветрови. Локалните ветрови се со дневна периода и дуваат од планините кон котлините и долините и обратно, и од езерата кон копното и обратно. Називите зависат од правецот на дување и времето на дување. Во Македонија се регистрирани и силни ветрови. Тие се јавуваат на местата каде што постои канализираност на воздушните струења и над планинските врвови (на пример над Солунска Глава, 2.540 м. Ветровите со голема брзина главно се условени од местоположбата и локалните услови. Тие, на пример, во Штип, со брзина од 30,1–40,0 м/сец се појавиле петпати во период од четири години. Нив ги има и во Скопје, Битола, Охрид, Лазарополе и на многу други места. ЛИТ.: Михаило Зиков, Метеорологија и Климатологија, Скопје, 2000; Ангел Лазаревски, Климата во Македонија – режим на ветровите во СР Македонија, „Географски разгледи”, кн. 10, Скопје 1972; Михаило Зиков, Клима и климатска регионализација во Република Македонија, „Географски разгледи” бр. 30, Скопје, 1995. М. З. Мала ветрушка, граблива птица од фамилијата соколи

2019-01-05T19:45:06+00:00 0 коментари