ВЕСОВ, Љубомир

ВЕСОВ, Љубомир (Велес, 1892 – с. Острилци, Крушевско, 1922) – поет, револуционер. Се школувал во Велес, Солун и Софија. Во текот на ученичките денови пројавувал интерес кон литературата. Студирал правни науки на Софискиот универзитет. Поттик за литературата му давал неговиот близок пријател, Васил Пундев, кој ја има заслугата што ја презентира пред јавноста поетската оставина на Весов, по смртта на авторот. Во бугарската периодика објавувал свои поетски творби и препеви од руски автори (Сологуб, Белиј, Гумилев), кон чие творештво имал афинитет. Овие поетски прилози најавувале надежно име во бугарската литература. Сепак, посилен бил идеалот кај младиот Македонец да £ се посвети на оружената борба за ослободување на татковината, па презирајќи сè што значи кариера и идна благосостојба, го одбира па-тот на свесната саможртва. Определбата да £ се даде приоритет на пушката наместо на перото, го води кон достоинствената авантура да £ ја доближи слободата на Македонија преку репликата на жешкото олово. За да не падне жив во рацете на српските џандари, тој се самоубива. Трагата на поетската уметност што ни ја остава Љубомир Весов не претставува одреден впечатлив квантитет, но говори за остварен квалитет што ја врзува нашата меморија и почит кон името на поетот и револуционерот. Книга со негови песни е објавена на македонски јазик („Песни”, 1996), редакција и предговор на Васил Тоциновски, препев на Гане Тодоровски, Георги Сталев, Петар Т. Бошковски, Љупчо Стојменски и Евтим Манев. Г. Т. Монета на Веспазијан

2019-01-05T19:45:05+01:00 0 коментари