ВЕСЛАР, ОРАБЕН

ВЕСЛАР, ОРАБЕН . (Дѕтисцус маргиналис Л.) – воден тврдокрилен инсект. Распространет е во цела Европа (освен Пиринејскиот Полуостров), во Сибир, во Јапонија и во Северна Америка. Живее во бари и јазови. Може брзо да плива и да нурка. Во неповолни услови, обично по зајдисонце и ноќе, бара ново поповолно живеалиште. Издржлив летач. Наесен се закопува во милта, каде презимува. Доживува петгодишна старост. Многу е грабежлив, како и неговата ларва. Се храни со речиси сите водни животни. Во Македонија се среќава во неистечни води. ЛИТ.: Јонче шапкарев, Зоологија на без’рбетните животни, Скопје, 1991. В. Т. К. – М. Кр.

2019-01-05T19:45:05+01:00 0 коментари