//ВЕРСКИ ДВИЖЕЊА во Македонија

ВЕРСКИ ДВИЖЕЊА во Македонија

ВЕРСКИ ДВИЖЕЊА во Македонија (. движења што секогаш, покрај конфесионалните, имале и политички, социјални, културни и национални програми. Богомилството се јавило во првата половина на Ⅹ в. и го добило името по Богомил, свештеник кој прифатил идеи од манихејската вера. Започнало како религиозно против црквата, а прераснало во социјално движење на народните маси за противставување и на владејачката класа во државата. Преродбенското движење започнало по укинувањето на Охридската архиепископија (1767), поминувајќи низ неколку фази, во кои е очигледно поместувањето од црковни кон световни цели. Во почетокот движењето го поставува барањето за македонско свештенство, литургија и образование на говорниот јазик. За таа цел биле организирани ќелијни и народни училишта, основани од црковноучилишните општини – со настава (црковна и световна) на локалните дијалекти. Во жестокиот судир на македонските црковноучилишни општини со Цариградската патријаршија, подоцна и со Бугарската егзархија, канонските прашања им го отстапуваат местото на националните. Преродбенското движење одиграло голема улога во будењето и оформувањето на македонскиот национален идентитет. Унијатското движење во Македонија се јавило во средината на ⅩⅠⅩ в. поттикнато со Енцикликата до источните народи на папата Пиј IX, во која сите православни народи биле поканети да поминат во унија со Римската црква, со задржување на православниот обред и домородното свештенство, како и немешање на католичкиот клер. Движењето зело посилен замав во епархиите во јужниот дел на Македонија што биле изложени на притисокот на грчката пропаганда, особено во Кукушко-полјанинската епархија. Пред крајот на 1873 и во почетокот на 1874 г. шест македонски црковни општини (Солунската, Воденската, Кукушката, Дојранската, Струмичката и Малешевската) се определиле за прифаќање на унијата. Во тек е процесот за признавање на автокефалноста на Македонската православна црква, па повторно се јавува преваленцијата на политичките интереси на поширокиот простор на Балканот пред канонските. ЛИТ.: Блаже Конески, Кон македонската преродба, Скопје, 1959; Славко Димевски, Историја на македонската православна црква, Скопје, 1989; Славко Димевски, Кукушка унија од 1859 година, „Гласник на ИНИ“, Скопје, 1960; Блеже Ристовски, Унијатството во Македонија (И–ИВ), „Разгледи”, Ⅱ (трета серија), 9, Скопје, 1960, 908–936; Ⅱ, 10, 1005–1029; Ⅲ (трета серија), 1, 1960, 72–90 и Ⅲ, 2, 158–189; истиот, Портрети и процеси од македонската литературна и национална историја, И, Скопје, 1989; Михаило Миноски, Унијатството и протестантсвото во вардарскиот регион со посебен осврт на дојранско-гевгелискиот крај до Балканските војни, Гевгелија, 1987; Цане Мојановски, Автокефалноста на македонската православна црква (документи), Скопје, 2004. М. Таш.

2019-01-05T19:42:46+01:00 0 коментари