ВЕРОИСПОВЕДИ ВО МАКЕДОНИЈА

ВЕРОИСПОВЕДИ ВО МАКЕДОНИЈА -. верски заедници и религиозни групи во Македонија. Во минатото на Македонија егзистирале речиси сите балкански вероисповеди, од разните многубожества, до христијанската и муслиманската религија. Зачувани се голем број археолошки остатоци низ целата територија на географска Македонија од сите историски периоди. Своја посебна религија имале и античките Македонци и Пајонците. Меѓу археолошките наоди има бројни траги и од хеленската и римската религија. Христијанството во Македонија пак прв го проповедал апостолот Павле и во изминатиот милениум тоа станало доминантната религија. Сега во Република Македонија се регистрирани вкупно 25 верски заедници и религиозни групи обединети во Сојузот на верски заедници во Македонија со седиште во Скопје. Најмногу верници има Македонската православна црква (над 1.500.000 со 1.502 цркви и параклиси и 191 манастир), на второ место е Исламската верска заедница, а особено значајна улога имааат и Католичката верска заедница и Евангелистичко-методистичката црква. Активни се и Баптистичката црква „Радосна вест”, Бекташката заедница, Евангелистичкоконгрешанската црква, Еврејската верска заедница и др. Сите верски заедници имаат значајна улога во соживотот меѓу граѓаните, почитувајќи го Уставот, законите и каноните. ЛИТ.: Славко Димевски, Историја на македонската православна црква, „Македонска книга”, Скопје, 1989; Јован Белчовски, Историските основи на автокефалноста на македонската православна црква, НИО „Студентски збор”, Скопје, 1986; Тхе Републиц оф Мацедониа, ГИТ „Гоце Делчев”, Скопје, 1993, 163-169; Драги Костадиновски, Вардарскиот дел од Македонија под јурисдикција на Српската православна црква (19191941), „Менора”, Скопје, 1995. С. Мл.

Напишете коментар