ВЕРКОВИЌЕВ АПОСТОЛ

ВЕРКОВИЌЕВ АПОСТОЛ -. ракопис од крајот на ⅩⅣ в., кој, според своите палеографски и јазични особености, се вбројува во македонските ракописи. Содржи 99 пергаментни листови, пишуван на мали листови со димензии 21х14 цм. Се чува во Ракописниот оддел на Руската национална библиотека во Санкт Петербург со сигн.: Љ н И 46. Ракописот $ го продал Стефан Верковиќ, па по него и го добил името. Напишан е од една рака, со десет записи, кои, иако кратки по својата форма и содржина, претставуваат важен јазичен материјал, бидејќи се составени од препишувачот на ракописот и во нив доаѓаат до израз дијалектните особености на пишувачот. Употребата на а наместо 5, цел ред заменски форми, сврзникот та, сведочат дека записите се од македонската јазична редакција. Има мешање на носовките, напоредно со бележењето на оу за 5 и е за 3, замена на еровите со вокалските графии о/е, нивно губење во слаба позиција и појава на секундарни ерови. Присуството на епентетското л, расколебаната употреба на џ и негова замена со и и обратно, укажуваат на говор што рано бил под-ложен на влијанието од српскиот говор, односно станува збор за ракопис пишуван на теренот на Северна Македонија. Процесот на мешање на падежите и тенденцијата за создавање еден општ падеж, започнат уште од Ⅻ в., продолжува. Лексичките особености на ракописов (во споредба со Карп., Охр., Вран., Струм.) укажуваат дека е регистриран мошне значаен и редок материјал. Покрај присуството на неологизми, надвладуваат архаични форми. С. Нов.