ВЕНС, Сајрус Робертс

ВЕНС, Сајрус Робертс (Саирус Робертс Венце) (Кларксбург, Западна Вирџинија, 27. Ⅲ 1917 – Нујорк, 12. Ⅰ 2002) – американски политичар и дипломат. Државен секретар на САД (1977–1980); еден од копретседателите на Раководниот комитет на Конференцијата за поранешна Југославија, кој, заедно со Лорд Овен, во 1992 г. му предлага на Генералниот секретар на ООН одобрување група од воен, полициски и цивилен персонал што би ја оценувала ситуацијата на теренот и би подготвила извештај во врска со евентуално позиционирање посебна мисија за превентивно чување на мирот во Република Македонија (превентивна дипломатија); специјален пратеник на Генералниот секретар на ООН во процесот на решавање на југословенската криза, именуван во согласност со Резолуцијата 817/93 на Советот за безбедност на ООН и специјален пратеник на Генералниот секретар на ООН во преговорите во врска со „разликите околу името” меѓу Република Македонија и РГ, со чие залагање е постигната Привремената согласност за нормализација на односите меѓу РГ и Република Македонија (13. IX 2005). Т. Петр.