ВЕЛЈАНОВ-ЧИЧЕТО, Велко (с. Црешево, Скопско, 1874 – Скопје, 18. IX 1943) – учесник во Илинденското востание, скопски окружен војвода. Бил член на МРО од 1899 г. Учествувал во Илинденското востание во Скопско и во Првата светска војна во Бугарската армија. Во емиграција во Бугарија учествувал во убиството на првиот министер на земјоделската влада А. Стамболиски. ЛИТ.: „ИлÓстрация Илинденњ“, бр. 8, Софиџ, 194; С. Киселиновски, Македонски дејци (ⅩⅩ-ти век), Скопје, 2002. Ал. Тр. ВЕЛЈУСА МАНАСТИР – в. „Света Богородица Елеуса”.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.