ВЕЛЈАНОВСКИ, Живко

ВЕЛЈАНОВСКИ, Живко (с. Завој, Охридско, 5. Ⅲ 1947) – дипл. град. инж., ред. проф. на Градежниот факултет во Скопје (1999) по предмети од областа на водоснабдувањето и канализацијата. Постдипломски студии завршил во Белград, а докторирал во Скопје (1991). Со трудови учествувал на советувања и конгреси од водостопанството и комуналната техника. Тој е активен во применувачката дејност, преку која дава значаен придонес во реализацијата на водостопански објекти во нашата земја. Љ. Т. Новица Велјановски

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.