ВЕЛЈАНОВА, Лилјана

ВЕЛЈАНОВА, Лилјана (Скопје, 22. Ⅵ 1950) – актерка. Дипломирала на Вишата музичка школа во Скопје, отсек за драмски актери (1975). Од 1973 г. е член на Драмски театар од Скопје. Се карактеризира со актерски сензибилитет и со строго индивидуален пристап. Улоги: Сара („Диво ме-со”); Мајката („Хај-фај”); Сара („Сара Бернар”); Катерина („Р”); („Еригон”); Змија („Словенски ковчег”); Малвина („Европа”); Ирма („Балконот”). Р. Ст.

2019-01-05T19:42:45+00:00 0 коментари