ВЕЛОСИПЕДИЗМОТ ВО МАКЕДОНИЈА. Спортска дисциплина што започнува со појавата на првите велосипеди во Скопје и во Битола (околу 1890). Формиран е велосипедски клуб „Пелистер” во Битола (1924), а потоа и во Скопје, Куманово и Велес. Велосипедизмот е негуван и во соколската организација (1919–1941). Колоездачкото дружество „Вардар” е создадено во Скопје (1941), а во натпреварите настапувале Димитар Божинов и Ангел Тренчев. По Ослободувањето се основани велосипедски секции (од 1945), од кои некои прераснале во посебни клубови (по 1948). На одржаното прво друмско етапно Републичко првенство победил Борче Тодоровски (1947). Биле одржувани трките „Низ Македонија” (од 1968) и „Ваташки меморијал” за младинци (од 1969). Државни прваци на тешки велосипе Велосипедизам – доделување на пехарите ди (контраши) станале: Ѓоко Емшов (1957), Кариман од Битола (1959), Иван Нешов и Трајче Перковски на лесен велосипед во ридско возење (1969), а Младен Дапчевски освоил второ место во друмското возење. Југословенски репрезентативци биле: Александар Кулевски, Слободан Арсовски и Јусуф Клица. По осамостојувањето на Македонија (1991) ус-пешно продолжиле велосипедските активности во земјата и во странство. Ѓ. К.