ВЕЛКОВ, Кирил Мишов

ВЕЛКОВ, Кирил Мишов (Кавадарци, 25. Ⅳ 1931) – радиолог, супспецијалист-онколог, редовен проф на М. ф. (од 1988). М. ф. и специјализација завршил во Скопје. Хабилитација одбранил во 1973 г. шеф на Катедрата за радиологија (1988–1989). Во 1989 г. формирал Катедра за радиотерапија и онкологија и ја водел до 1996. Претседател на МЛД (1982–1983), претседател на Издавачкиот со-вет на ММП (1988–2003), продекан на М. ф. (1986–1988), а од 1988 в.д. декан. Во 1988–89 г. учествувал во работата на Југословенскиот меѓуакадемиски одбор за епидемиологија на туморите во Нови Сад. Објавил 106 труда. БИБ.: Коавтор: Скрипта за студенти на ВшРТ по радиотерапија, Скопје, 1974; Предавања по радиологија–учебник за студентите по медицина и стоматологија, Скопје, 1985. Сл. М. П. Миодраг Велков

2019-01-05T19:42:45+01:00 0 коментари