ВЕЛИЧКОВСКИ, Нино

ВЕЛИЧКОВСКИ, Нино (Куманово, 1941) – интерпретатор на македонски народни и новокомпонирани песни. Извесно време бил актер во Кумановскиот теа-тар, потоа член на познатиот Октет „Куманово”. Особено познати се неговите интерпретации на новокомпонираните песни „Кажи ми Лено” (1984), „Свирете ми, тамбури” и „Сега е веќе доцна”. На неговиот репертоар се песни од композиторите Миодраг Божиновски, Миле Барбаровски, Ванчо Димитров и др., а почести автори на стиховите се Огнен Неделковски и Ѓорѓи Калајџиев. Има соработка со битолската група „Боеми”. Бил учесник на речиси сите македонски фестивали на фолк-музика. С. Мл.

2019-01-05T19:42:44+00:00 0 коментари