ВЕЛИЧКОВСКИ-ЕРЕБИЦА, Димче Јовчев

ВЕЛИЧКОВСКИ-ЕРЕБИЦА, Димче Јовчев (прекар Барутана) (Куманово, 1907 – с. Малотино, Кумановско, 17. Ⅹ 1941) – столар, комунистички деец и првоборец. Станал член на Синдикалната подружница на дрводелските работници и член на СКОЈ (1924), а потоа и член на МК на СКОЈ во Куманово (1925). Во партиската провала на членовите на КПЈ во Куманово (1929), заедно со други 14 активисти, бил уапсен на отслужување на воениот рок во Крушевац и спроведен во Куманово, а на судењето во Белград (јануари ВЕЛЈАНОВА Димче Величковски-Еребица 1930) бил осуден на 7 години. Пресудата ја издржувал во Казнениот завод во Сремска Митровица заедно со поголема група истакнати македонски револуционери, каде што учествувал во 16-дневниот штрајк со глад. Таму бил близок со Моша Пијаде. По враќањето пак продолжил со партиската активност, поради што, заедно со 20 други кумановски комунисти, бил интерниран во Меѓуречје кај Ивањица (1940). По Априлската војна (1941) се вратил во Куманово и станал борец на Козјачкиот НОПО (12-17. Ⅹ 1941). При разбивањето на Одредот од бугарската војска и полиција, бил заробен и при спроведувањето убиен. ЛИТ.: Панче Михајловски, Димче Еребица пред класниот непријател, Четириесет години 1929–1935, Ⅱ, Скопје, 1961, 467–468; Спомен зборник на загинатите борци од НОВ и жртви на фашистичкиот терор од Куманово и Кумановско 1941–1945, Куманово, 1976, 23. С. Мл. Лилјана Велјанова