ВЕЛИЧКОВСКА, Родна Душанова

ВЕЛИЧКОВСКА, Родна Душанова (с. Горобинци, Светиниколско, 20. Ⅱ 1955) – етномузиколог, мелограф и научен соработник, истражувач на вокалната народна музика. Завршила средно музичко училиште и Факултет за музичка уметност во Скопје. Магистрирала на Факултетот за музичка уметност во Белград на тема „Жетварско певање у Македонији” (4. Ⅷ 2006), докторирала на тема „Музичките дијалекти во македонското традиционално народно пеење – обредно пеење”. Првин била стручен соработник-мелограф на вокалната народна музика (од 4. Ⅷ 1980), а потоа асистент (2000) и научен соработник (2007) во Одделот за народна музика. БИБ.: Жетварското пеење во Македонија, Скопје, 2002.ЛИТ.: Рецензија за избор на научен соработник на работното место истражувач на вокалната народна музика во Институтот за фолклор „Марко Цепенков” во Скопје, Билтен на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, бр. 917, Скопје, 16. Ⅳ 2007, 14-19. С. Мл. ВЕЛИЧКОВСКИ, Александар

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.