ВЕЛИЧКА ЕПАРХИЈА

ВЕЛИЧКА ЕПАРХИЈА (893 г.) – епископијата што ја раководел св. Климент Охридски и ја носел титулата епископ Велички (893– 916). Така е запишано во месецословот на Асемановото евангелие (Климента еп”скпа Величскаго) и во некои од неговите слова (Сљтворено Климентомќ епископомќ Величќск»мќ), како и во житијата. Простирањето на Величката епархија сè уште не е до крај разјаснето и постојат различни мислења, а најверојатно е дека ја опфаќала територијата од Охрид, по р. Треска (Велика или Голема Река) до Скопје. Во МПЦ титулата на оваа епархија се доделува само на викарни архиереи. Светиклиментовата Величко-дремвитска епархија имала чист старомакедонски словенски карактер, се богослужело и администрирало на старомакедонски словенски јазик и била почетокот на автокефалната Охридска архиепископија. ЛИТ.: Јован Белчовски, Охридска архиепископија од основањето до паѓањето на Македонија под турска власт, Скопје, 1997; Ратомир Грозданоски, Библијата во делата на свети Климент Охридски, Скопје, 2001; Иван Снегаров, По въпроса за епархията на Климент Охридски, Сб. Климент Охридски 916-1966, София, 1966. Рат. Гр. Родна Величковска

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.