ВЕЛИНОВ, Сенко

ВЕЛИНОВ, Сенко (Скопје, 15. Ⅹ 1965) – актер, протагонист на повеќе улоги од антологиско значење. Дипломирал на ФДУ во Скопје (1989). Член на Народно позориште во Суботица, во театарот на Љубиша Ристиќ (1990–1992); на Драмски театар (1992–1999); на Драмата на МНТ (1999–2000); директор на Драмски театар (2001– 2002); од 2002 г. повторно во Драмата на МНТ. Улоги: Арган („Вообразен болен”); Гилдерстен („Розенкранц и Гилдерстен се мрт-Сенко Велинов ви”); Дон Жуан („Дон Жуан”); Салиери („Амадеус”); Троил („Троил и Кресида”); А („Емигранти”). Р. Ст.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.