ВЕЛИКА

ВЕЛИКА . (ст.гр., лат. Великиос, ст. сл. Велик·е) – област (од Охрид по р. Велика или Голема река) и епархија што ја раководел св. Климент Охридски и затоа ја носел епископската титула Епископ велички. Освен во Светиклиментовите слова и Пространото жи-тие за него, оваа област се спомнува и во епархиските списоци на Цариградската патријаршија. ЛИТ.: Иван Снегаров, История на Охридската архиепископия, 1 и 2, второ фототипно издание, София, 1995; Ратомир Грозданоски, Библијата во делата на свети Климент Охридски, Скопје, 2001; Јо-ван Белчовски, Охридска архиепископија од основањето до паѓањето на Македонија под турска власт, Скопје, 1997; Иван Снегаров, По въпроса за епархията на Климент Охридски. Сб. „Климент Охридски” 916-1966, София, 1966. Рат. Гр.