//ВЕЛИГДЕНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ

ВЕЛИГДЕНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ

ВЕЛИГДЕНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ – лирски обредни календарски песни. Се исполнуваат во текот на трите дена од празникот Велигден. Во нив се пее за Христовото воскресение, за разни христијански светители, за причесната како важен момент од велигденските празнувања и сл. Поголемиот дел од нив се исполнуваат на оро, па како ороводни песни, содржат чести дијалози. Припаѓајќи му на циклусот пролетни обредни песни, пеат за разбудената природа, за повторното враќање на животот, но и за љубовни мечти, за семејни односи и разни митолошки суштества. Меѓу нив посебно место заземаат песните кои го опеваат ликот на Марко Крале или други јунаци од јуначкиот епос. ЛИТ.: Вера Кличкова, Божиќни обичаи во Скопската Котлина, „Гласник на Етнолошкиот музеј”, 1, Скопје, 1960; Кирил Пенушлиски, Одбрани фолклористички трудови, 2, Скопје, 1988; Марко Китевски, Македонска народна лирика (Обредни песни), Скопје 1997. М. Кит.

2019-01-05T19:42:44+01:00 0 коментари