ВЕЛЕШТА

ВЕЛЕШТА – село во Струшко. Се наоѓа во северниот дел на Струшко Поле на надморска висина од 750 м, на двете страни на регионалниот пат кој селото на југ го поврзува со Струга, а на север со Дебар. В. е најголемо село во Струшка општина. Населено е со Албанци, а нивниот број е во постојан пораст. Во 1961 г. во него живееле 2.728 ж., а во 2002 г. тој број се наголемил на 5.834 ж. Населението се занимава со одгледување на житни култури и со овоштарство, а значаен дел се заминати и на печалба. Во В. има осумгодишно училиште, здравствена и полициска станица и повеќе трговски и занаетчиски дуќани. Ал. Ст.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.