ВЕЛЕШКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД „ПЕРЕ ТОшЕВ

ВЕЛЕШКИ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД „ПЕРЕ ТОшЕВ . -(пл. Лисец, Велешко, втора половина на мај 1942 – реон на с. Габровник, Велешко, втора половина на септември 1942) – партизански одред на НОПОМ. Бил формиран од борци од Велешко, кои излегле на теренот уште во втората половина на април 1942 г. Формациски бил составен од две чети. Едната дејствувала на пл. Лисец, а другата во областа на Азот. Дејствувал на разоружување на припадниците на контрачетата и бугарските полициски патроли и формирал НОО. Опколен на пл. Ли-сец од надмоќни воени сили од Скопје и полиција од Велес, водел целодневна борба (11. Ⅵ) и ноќта успеал да го пробие обрачот. Продолжил да дејствува во долината на р. Вардар врз комуникациите Скопје-Прилеп и Велес-Штип и се пресметувал со претставниците на бугарските власти во селата Крањица, Крива Круша (август), Рудник и Војница (септември). При престојот во реонот на с. Габровник, Велешко, од него и новопристигнати борци од Прилепско бил формиран Велешкиот НОПО „Димитар Влахов“ (в). ЛИТ.: Партизанскиот одред „Пере Тошев“, Четиво народна просвета, Скопје, 1958, 67; Д-р Владо Ивановски, „Пере Тошев“ – име на велешки партизански одред од 1942 година, Ѓорче Петров и Пере Тошев, Прилеп, 1974, 181-184. С. Мл. Велешкото Езеро „Младост“

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.