ВЕЛЕШКА КОТЛИНА

ВЕЛЕШКА КОТЛИНА – мала котлина што се протега во централниот дел на Република Македонија. Од сите страни е ограничена со ниски ридови кои ја одвојуваат од Овче Поле на исток и Хашката Котлина на запад. На север преку Таорската Клисура е поврзана со Скопската Котлина, а на југ преку Велешката Клисура со Тиквешка Котлина. Зафаќа површина од 47 км². За формирање на котлината најголемо влијание имала флувијалната ерозија што ја вршела реката Вардар со нејзините притоки. Оваа котлина по својата генеза е ерозивна, односно претставува поголемо ерозивно проширување на р. Вардар. Во јужниот дел на котлината е развиен градот Велес. ЛИТ.: Манаковиќ Д., Абразиони и флувијални елементи во поречието на Бабуна и То-полка со Титоввелешка котлина, „Годишен зборник”, кн. 14, Скопје, 1965. Т. Анд.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.