ВЕЛЕГЕЗИТИ

ВЕЛЕГЕЗИТИ – македонско словенско племе (Белегезйтаи, Белегез™таи, Белегез´таи). При доселувањето на Словените во Македонија, В. се населиле во југоисточниот дел на Тесалија, околу градовите Теба и Деметријада (денешниот Волоски Залив). Се спомнуваат како дел од големиот племенски сојуз (614-615) создаден под водство на кнезот Хацон. Во 616 г. неуспешно го нападнале градот Солун заедно со другите македонски словенски племиња. Во Ⅶ в. бил формиран уште еден племенски сојуз на чело со рексот Пребонд. По неговото убиство, словенските племиња го опсадиле Солун (674). Но В. не се приклучиле кон обединетите племиња, бидејќи одржувале мирни односи со Солунчаните. По двегодишна опсада Словените го нападнале градот (676), но морале да се повлечат. Неколку дена подоцна Солунчаните биле снабдени со жито и овошје од Велегезитите. За нив сведочат бројни словенски топоними. Нивната склавинија била наречена Велзитија или Велегезитија (ΒΕΛΖΝΤÙА, Белегезитиа). Подоцна архонтот Акамир учествувал во организирањето заговор (799) против императорката Ирина. Најверојатно Акамир бил самостоен владетел на Велзитија, која во тој момент била под сизеренството на императорот, на прагот на државно обединување. ИЗВ. иЛИТ.: Византиски извори за историју народа Југославије, И, 1955; Стјепан Антолјак, Средновековна Македонија, И, Скопје, 1983; Бранко Панов, Средновековна Македонија, Ⅲ, Скопје, 1983; О. В. Иванова, Г. Г. Литаврин, Ранне-феодалÝние государства на Балканах, Москва, 1985; Г. Литаврин, Склавиниите од Ⅶ-IX в. како социјално-политичка организација на Словените, „Историја”, ⅩⅪ, 2, Скопје, 1985, 23-32; Историја на македонскиот народ, И, Скопје, 2000; Милан Бошковски, Имињата Македонија и Македонци во средновековните извори, Скопје, 2003. Б. Р.-Ј. Панорама на Велес

2019-01-05T19:42:43+00:00 0 коментари