ВЕЛА, Хусни

ВЕЛА, Хусни (с. Гајре, Тетовско, 1926) – учител и политички деец, од албанско потекло. Завршил нижа гимназија во Тетово и Учителска школа во Скопје. Бил инспектор за просвета при Околискиот совет за просвета во Тетово, а потоа пратеник во Републичкиот собор на Народното собрание на НРМ (1950). С. Мл.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.