ВЕЗЕНКОВ, поп Ѓорѓи

ВЕЗЕНКОВ, поп Ѓорѓи (с. Врбени, Леринско, 1871 – с. Врбени, Леринско, 21. Ⅵ 1911) – учесник во Илинденското востание, лерински селски војвода. Поради учеството во македонското револуционерно движење, бил затворен и измачуван (1902). По амнестијата учествувал во Илинденското востание како селски војвода во четата на војводата Алеко Џорлев. ИЗВ.: ЦДА, ф.: 933, оп. 1, а.е. 89, л. 158. Ал. Тр.

Напишете коментар