ВАТИКАНСКО-МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ

ВАТИКАНСКО-МАКЕДОНСКИ ВРСКИ И ОДНОСИ. Започнуваат со престојот на св. Кирил и Методиј во Рим (868/869). Се продлабочуваат преку присуство на ватикански претставници на крунисувањето на Самуил за цар (Преспа, 976). Водат кон унијатство (во втората половина на ⅩⅤⅠⅠ в. охридските архиепископи Порфириј Палеолог, Атанасиј И, Аврамиј и Мелетиј тајно го прифаќаат и спроведуваат католицизмот), односно, кон обновување на автокефалноста на Охридската архиепископија во унија и канонско единство со Римокатоличката цркава во ⅩⅠⅩ в. Продолжуваат преку контакти меѓу претставници на ТМОРО и на Католичката црква (писмена комуникација меѓу Гоце Делчев и католичкиот надбискуп во Пловдив, Менини, во која тој е информиран за борбата на македонското револуционерно движење). Во базиликата „Св. Климент” во Рим секоја година на 24 мај се оддржува црковно-државна манифестација насловена „Во чест на Св. Кирил”. Поклонение на македонска државно-црковна делегација на гробот на св. Кирил се практикува од 1979 г. Во 1985 г., Папата Јо-ван Павле Ⅱ со специјален документ ги прогласува св. Кирил и Методиј за апостоли на Европа. Дипломатски односи меѓу Ватикан и РМ се воспоставуваат на 21. Ⅻ 1994 г. Прв вонреден и ополномоштен амабасадор акредитиран кај Папата како шеф на државата суи генерис е Димитар Мирчев (резидентен од Љубљана). Прв апостолски нунциј акредитиран кај шефот на РМ е надбискупот Едмонт Фархарт. ИЗВ.: Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и национална држава, том Ⅰ и Ⅱ, Универзитет Кирил и Методиј, Скопје, 1981. ЛИТ.: Виктор Габер, За македонската дипломатија, Скопје, 2002. Т. Петр. Маркос Вафијадис

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.