ВАТАШКИ МИНЕЈ

ВАТАШКИ МИНЕЈ – кирилски празничен минеј од 1453 г., 228 л., Скопје, Филолошки факултет, инв. бр. 1391. Пронајден во с. Ваташа во 1948 г. при теренските истражувања во Тиквешко предводени од Х. Поленаковиќ. Главнината е препишана од писецот Ра(с)тко од с. Мешеишта, Охридско, со српски нејусов правопис. Во јазикот се одбележуваат некои западномакедонски јазични особености (на пр. деназализацијата 4 > о), бројни се подновувања во лексиката, особено во зборообразувањето. Содржи служби, паримии, пролошки читања за одбрани празници и упатувања од типикот. На крајот е додаден канон за св. Меркуриј. ЛИТ.: Поп-Атанасов Ѓ., Прилог кон проучување на таканаречениот „Ваташки општ минеј”, Македонскиот јазик од Мисирков до денес, Скопје, 1996, 69-77 (репр. Поп-Атанасов Ѓ., Од македонското книжевно минато, Скопје, 2001, 45-49; Цубалевска, М., Ваташкиот минеј (со посебен осврт врз лексиката), Скопје, 2007 (докторска дисертација). Зд. Р.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.