//ВАСКОВ, Благој Панчев

ВАСКОВ, Благој Панчев

ВАСКОВ, Благој Панчев (Велес, 4. Ⅱ 1912 – Скопје, 22. IX 1983) – ветеринар, редовен проф. на Земјоделскиот факултет во Скопје, на кој бил три пати избиран за декан. Докторирал на Ветеринарниот факултет во Загреб (1952). Бил и проректор на Универзитетот во Скопје и прв началник на Ветеринарната служба на Македонија (1945–1947). Автор е на првиот ветеринарен пропис во РМ. Во 1947 г. е помошник-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство. Автор е на учебниците Анатомија и Биохемија (за агрономи и сточари). М. Д. – Ј. Б.

2019-01-05T19:42:42+01:00 0 коментари