ВАСКИДОВИЧ, Емануел

ВАСКИДОВИЧ, Емануел (Манолаки Васкидов) (Мелник, 1795 – 30. IX 1875) – учител и автор на учебници и книги. Се школувал во Мелник, на о. Хиос и во Букурешт. Бил учител во Мелник, а по 1815 г. го отвора првото световно елино-бугарско училиште во Свиштов. Воведува заемноучилишна метода. Со Н. Бозвели напишал „Славеноболгарское детоводство за малките деца” (Крагуевац, 1835). Преведувал од грчки и француски. ЛИТ.: Т. Крстанов, Емануил Васкидович и развитието на новобългарската просвета, Софи®, 1975. М. Здр. Благој Васков

2019-01-05T19:42:42+01:00 0 коментари