ВАСИЛИЈ Ⅰ

ВАСИЛИЈ Ⅰ (811 – 29. Ⅷ 886) – византиски цар (867–886), основач на македонската династија. Ја зацврстил позицијата на Византија и го проширил византиското црковно влијание во Бугарија (869/70, победа над римските легати за припадноста на Бугарската црква), кај Словените од западен Балкан и во Киевска Русија. Неговата законодавна дејност е претставена во „Василики” (шест книги), „Прохирон” (прирачник за практична употреба) и „Епанагога”. ЛИТ.: В. СтанковиÊ, Цариградски патријарси и цареви македонске династије, Београд, 2003. Б. Петр.

This post is also available in: mkмакедонски enEnglish frFrançais deDeutsch ruРусский

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.