ВАСИЛИДА

ВАСИЛИДА – византиско утврдување подигнато од царот Василиј Ⅱ на патот од Охрид кон Преспа, на планината Петрино, на еден каменест рид, кој се издига над Петринското Поле. Било многу важно византиско упориште во центарот на поранешното Самуилово царство, со задача да ја контролира Охридско-преспанската област. ЛИТ.: Т. Томоски, Преспа во средниот век, „Историја“, ⅩⅤ/2, Скопје, 1979. К. Аџ.

2019-01-05T19:42:42+00:00 0 коментари