ВАСИЛЕВ, Васил

ВАСИЛЕВ, Васил (Скопје, 19. IX 1938) – скулптор, ликовен педагог, професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, претставник на фигуративната и апстрактно-асоцијативната дрвена пластика со свесни влијанија од примитивните африкански маски и тотеми. Дипломирал на Академијата за ликовни уметнсти во Белград (1965). Излагал самостојно во Скопје, Битола, Белград. Серијата егзотични портрети се издвојува со начинот на стилизација и со психолошкиот третман (Портрет на девојка, 1967). М. Б.-П.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.