ВАСИЛЕВ, Александар

ВАСИЛЕВ, Александар (Алеко Паша) (Баракли-Џумаја, Серско, 1890 – Горна Џумаја, 12. IX 1924) – припадник на ВМРО. Бил учител во Серско, четник во Серскиот револуционерен округ под раководство на Ј. Сандански, петрички околиски војвода (1919), главен организатор и раководител на ВМРО во Пиринскиот дел на Македонија, близок соработник на Т. Александров. По 1923 се дистанцирал од Т. Александров и ги прифатил принципите на Мајскиот манифест (1924). Бил убиен во горноџумајските убиства извршени од ВМРО на Иван Михајлов. ЛИТ.: Атанас Џолев, Спомени. Премрежињата на македонското револуционерно движење. Предговор и редакција проф. д-р Зоран Тодоровски, Скопје, 2003; Петар шанданов, Спомени. Предговор и редакција проф. д-р Зоран Тодоровски, Скопје, 2002; Ангел Динев, Политичките убиства во Бугарија, Скопје, 1951. З. Тод. Васил Василев со своите „Асоцијативни вертикали“ (1998)

2019-01-05T19:42:41+00:00 0 коментари