ВАСИЛЕВСКИ, Живко

ВАСИЛЕВСКИ, Живко (Битола, 28. Ⅳ 1928) – национален деец, политичар и општественик. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје. Бил учесник во НОБ (1942), член на СКОЈ (пролетта 1943) и секретар на скоевска група (1944). По Ослободувањето бил примен за член на КПМ (јануари 1946) и избран за член на Бирото на Градскиот комитет на СКОЈ (1946) и потпретседател на Околискиот народен одбор во Битола. Подоцна бил инструктор на ПК на СКОЈ за Македонија (1948), секретар на Обласниот комитет на младината во Битола (1949) и секретар на ЦК на НММ, претседател на Околискиот одбор на ССРНМ и член на Секретаријатот на ОК на СКМ, пратеник во Собранието на СРМ (два мандата), претседател на Културно-просветниот собор на Собранието на СРМ (1964), член на Извршниот одбор на Републичката конференција на ССРНМ (1970), републички секретар за култура, член на Извршниот совет на Собранието на СРМ, претседател на Секцијата за култура на РК на ССРНМ (1985), член и секретар (од 14. Ⅵ 1985) на Претседателството на РК на ССРНМ. Бил и претседател на Матицата на иселениците од Македонија, потпретседател на Сојузот на спортовите на Македонија и претседател на Атлетскиот сојуз на Македонија. Автор е на повеќе трудови од областа на културата и историографијата. БИБ.: Домот на семејството Василеви – илегално засолниште во почетокот на Револуцијата, Битола и Битолско во НОВ 1941 и 1942, кн. втора, Битола, 1978, 275-282. С. Мл. Ристо Василевски

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.