ВАРТОЛОМЕЈ

ВАРТОЛОМЕЈ – христијански празник посветен на светиот апостол Вартоломеј, еден од дванаесетте големи Христови апостоли. Во некои наши краишта овој ден се смета за тежок празник, поради што не се работи никаква работа. Народот го поврзува со вртењето на сонцето од лето кон зима, поради што и празникот е наречен Вртолум. ЛИТ.: Марко Китевски, Златна чаша, Скопје, 1983. М. Кит.