ВАРОШ ГРОБИШТА

ВАРОШ – ГРОБИШТА (Прилеп) – некропола лоцирана на источниот крај од Варош, северно од магистралниот пат Прилеп–Варош–Кичево. Б. Бабиќ овде ископал 57 гробови, меѓу нив еден дел се вкопани во карпата. Тие имаат или трапезоиден облик или се со антропоморфен додаток – алвеола кај главата на покојниците или пак се оформени со камени плочи Некропола, локалитет Гробишта, Варош, Прилепско од страните. Сите се покриени со плочи и ориентирани З-И. Најзастапен е накитот (обетки и наушници, прстени, белезици, копчиња и токи) од Ⅻ в. до периодот на турското средновековје. ЛИТ.: Б. Бабиќ, Материјалната култура на Македонските Словени во светлината на археолошките ископувања во Прилеп, Прилеп, 1986, 192–194, сл. 65, 66. Ел. М.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.